Мерил Стрип и многу други холивудски ѕвезди му се придружија на оскаровецот Таика Ваитити, кој во соработка со компанијата Roald Dahl Story Company собираат средства за Partners In Health читајќи детски приказни. Ѕвездите од своите домови ја читаат и ги толкуваат карактерите од приказната „James and the Giant Peach”.

Досега на Roald Dahl YouTube каналот има две епизоди кои може да се гледаат, а останатите ќе се објавуваат секој понеделник, среда и петок. Во овој проект се вклучени и актерите Лупита Нионго, Минди Калинг, Кејт Бланшет, Рајан Рејнолдс, Кара Делевингн, Бенедикт Камбербач и браќата Хемсворт.

Ова читање е дел од кампањата за собирање средства за глобалната здравствена непрофитна организација Partners In Health која се справува со пандемијата на COVID-19 во некои од најранливите заедници ширум светот.