Славните личности блескаат кога ќе се појават на црвениот тепих создавајќи момент кој дефинитивно се памети долго време. Тој момент го обезбедуваат армијата на холивудски стилисти кои се грижат за изгледот на славните и за „големите моменти”. Без разлика дали одат на некоја сигурна варијанта или експериментираат, нивната работа не е толку едноставна и зависи од многу фактори, како моќта на ѕвездата, стилот и социјалните медиуми.

Ashley Weston: Позната како „The Woman Who Dresses Hollywood’s Leading Men”, оваа стилистка со своите експериментални, смели, класични со пресврт избори ја прави една од водечките стилисти. Прекарот соодветствува со нејзината листа на клиенти како што се Чадвик Босман, Харисон Форд, Дарен Крис, Крис Прат.

Ilaria Urbinati: Уште една жена која стои зад добро облечените мажи во Холивуд, како Двејн Џонсон, Рами Малек, Бредли Купер, а доста позната по оние совршено скроени костуми што ги носи ликот на Рајан Гослинг во „Crazy, Stupid, Love“. Нејзините почетоци бележат само нагорна линија, бидејќи започнува како купувач да сега дури создава колекции за брендови како Montblanc и Rebecca Minkoff.

Ade Samuel: Позната како стилист кој ја сака разновидноста и работењето со нови таленти, нови дизајнери. Својата кариера ја започнува како моден асистент на Teen Vogue во 2010 година, а сега се грижи за изгледот на актерот Мајкл Б. Џордан.