Оваа изведба на Highland Park 50 Year Old 2020 претставува трето издание на виски старо 50 години од експанзивната 223 годишна историја на дестилеријата од областа Оркни (Оркниски Острови). Спецификата на ова виски лежи во создавањето на само 274 шишиња сите потпишани од Гордон Моушн, мајсторот на дестилериите на Highland Park. „Ова виски е едно од најстарите и најретките изданија и јас сум многу горд што сум дел од неговото патување.
Вискито е спектакуларно, поради процесот на стареење и апсорпцијата на вкусовите на суво овошје и слатко тофи од нивните последни буриња за шери во кое созреваше. Ова виски сепак ги има задржано сите нежни мириси и вкусови добиени од оригиналните буриња.“, изјави Г-динот Моушн. Уште една специфика на ова спектакуларно виски е и тоа што е направено по традиционален начин на подготовка. Односно првично дабовите буриња се поставени во 1968, за потоа течноста се префрли во шери- дабови буриња во 2008 година.
Според експертите во ова издание се чувствуваат зрели цреши, сладок мусковадо шеќер, праски и богато темно чоколадо, за подоцна да се истакне вкус дефиниран со егзотични зачини, зашеќерена кора од портокал, даб и зрели кајсии. Половина век богата, раскажана историја е зачувана во ова извонредно издание. За впечатокот да биде соодветен на течноста, вискито е спакувано во дрвена кутија од орев рачно изработена од шкотскиот мајстор-занаетчија Џон Галвин. На самото шише има извезено шари од нордиското наследство на компанијата, а со него оди и прекрасен декантер и книга со кожни корици која ја раскажува историјата.