Hermeus, американска авијациска старт-ап компанија, има за цел да започне комерцијални хиперсонични летови со авиони кои ќе патуваат пет пати побрзо од брзината на звукот.

Од компанијата велат дека нивните хиперсонични авиони би го намалиле времето на летање помеѓу Лондон и Њујорк, на пример, од седум часа на 90 минути. Летовите би биле од бизнис класа, а билетото би чинел скоро исто како и билетот за бизнис класа на комерцијалните летови денес.

Според основачот на Hermeus, Скајлер Шуфорд: „Брзината на транспортот го придвижува глобалниот БДП и овозможува поубав културен живот.” Компанијата досега објави само една слика од нивниот авион. Проектот е финансиран главно од Khosla Ventures и други приватните инвеститори.

Основачот на главниот финансиер на овој проект ќе каже: „Hermeus разви авион кој не само што го подобрува искуството во воздухопловството со намаленото време на летање, туку има потенцијал да има и големо општествено и економско влијание“. Покрај Hermeus, многу други компании во моментов зборуваат за развој на супер брз авиони.