Компанијата Seven Seas Yachts го има Hermes Speedster, брод кој е именуван по грчкиот гласник на боговите а инспириран од иконскиот Porsche 356. Иако потсетува на слика од француската ривиера во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, овој филмски, аристократски, елегантен брод плени со убавина. Но покрај убавината Hermes Speedster може да се пофали и со технички карактеристики.

Патентираниот Amfihull има помала отпорност што овозможува употреба на помал мотор од бродовите со слична големина, без тоа да влијае на неговата брзина. Ниското тежиште го прави исклучително стабилен, максимално удобен со меко возачко искуство. Hermes Speedster има неверојатно мала просечна потрошувачка од 5,5 литри на час. Иако овој брод не е некоја новина сепак неговата елеганција и ефикасност го прави одличен за споменување.