Модната куќа Hermès предизвикува релаксирана енергија со својата машка колекција за сезоната пролет-лето 2021. Свежиот став на куќата одлично е доловен од фотографот Натаниел Голдберг, со главна улога на моделот Санг Ву Ким, и секако спротивставување на познатите сцени како улиците на Њујорк. Стилистот Елоди Дејвид Тубул стои позади одбраните комбинации на кампањата, што претставува шик прием на секојдневна облека на Hermès. Парчиња како пуловер со кратки ракави, палто во риги, свилена марама или големи чанти се само дел од колекцијата која можеме да ја видиме на кампањата.