Познатиот луксузен бренд не престанува да изненадува. Овој пат создава нешто за мажите со силен дух. Станува збор за линијата Hermès H08 која сега добива три нови модели кои ќе им се допаднат на оние кои го ценат бурното темпо на денешниот живот и не се подготвени да пропуштат ни секунда од него. Во сите модели лежи механизмот на куќата Hermès H1837 со автоматско намотување. Првиот модел е изграден од графен кој е надополнет со сатенска и полирана керамичка рамка, црно-позлатен минутен бројчаник, луминисцентни арапски броеви и централни стрелки поплочени со никел. Другите два модела се направени од титаниум со црна основа и бројчаник од никел. Во зависност од пригодата тие можат да бидат дополнети со текстилни ремени во сина или црна боја или црна и портокалова гума.