Француската луксузна куќа Hermès соработува со компанијата за биоматеријали MycoWorks за да создаде модел на познатата „Victoria“ ташна од мицелиум. Производот ќе биде достапен до крајот на годината и ќе биде достапна во боја на килибар. Овој биоматеријал го имитира изгледот и чувството на вистинска кожа и е одлична алтернатива за кожа. Моделот на позната „Victoria“ ташна направен од овој материјал ќе се вика Sylvania и ќе го има истиот луксузен печат и изработка како да е направена од вистинска кожа.

Оваа луксузна фанцуска модна куќа се придружува на останатите брендови во изнаоѓање на одржливи материјали кои ќе го намалат штетното влијание врз земјата и зголемат еколошката свест. Од MycoWorks изјавија дека нивниот биоматеријал е уникатен и се разликува од останатите слични материјали поради густата, испреплетена структура која дава хомогенот и издржливост а се добива со уникатен процес на ферментација. Sylvania претставува процес во кој се покажува како природата и биотехнологијата можат да соработуваат за да создадат материјал со висок квалитет.