Француската модна куќа почнува да го враќа интерактивниот концепт на модни ревии и прикажување на своите колекции. Па така овој луксузен бренд овој пат на ревија ја покажа машката колекција за сезоната пролет/лето 2022. Што се однесува до самата колекција, Hermès остава на уметничкиот директор, Вероник Ничанијан, која уште еднаш покажа гардероба со шик, луксузни и лесни кроеви за современиот човек. Минатата сезона иако се појавија со неформални блејзери и панталони со лежерен стил, понудија колекција која беше направена без жртвување на својствената елеганција на претставник на Hermès. И оваа колекција полна со енергија и оптимизам ја покажува состојбата на будење од целата ситуација. Оваа софистицираност која ја нуди колекцијата воспоставува нова форма на елеганција, давајќи му на изгледот живост и флуидност. Но тука е присутна и ноншалантноста која се појавува во вечерната, претежно црна облека. Погледнете!