Hermès го создаде своето најново достигнување во светот на парфемите, H24. Овој мирис кој води на мирисно патување кое се трансформира е синоним за модерниот, современ маж. Развиен од страна на Кристин Нагел (Christine Nagel), овој парфем Hermès H24 е комбинација на природата и технологијата, со низа контрасти кои испорачуваат нешто современо, но традиционално, очекувано, но сепак неконвенционално додека мирисот се развива на вашата кожа.

Така таа за овој проект ќе каже: „Сакам да одам на природни, многу класични суровини и да ги работам користејќи технологии што им даваат друга обработка, друга текстура“.

Hermès H24 во себе има комбинација на нарцис, ружино дрво и sclarene, со мирис кој од зелено и дрвенесто се развива во нешто „модерно“ што потсетува на топло, метално, железо. Дизајнот на шишето е на Филип Муке (Philippe Mouquet), обликувано од идејата на невидлива рака што ја зграпчува и манипулира структурата. Кутијата е направена од рециклирана хартија, така што ја дополнува приказната на куќата за трансформација на современиот маж.