„Итерација над оригиналноста” е темата во презентацијата на Hermès за нивните часовници за 2020 година. Стратегија со која луксузниот бренд прави пат за најновиот часовникот Slim d’Hermès GMT.

Ова луксузно ремек дело во златно-теѓет боја дефинитивно ќе го најде својот пат до ентузијастите чии вкусови се повеќе усогласени со модниот zeitgeist. Часовникот поради дебелината од 2.6 мм користи H1950 механизам, АМ/РМ индикатор и асиметрично поставен мал часовник кој би го покажувало времето дома.

Покрај овој часовник Hermès ја претстави и новата понуда за часовиците Arceau L’Heure De La Lune. Од технички аспект движењето е овозможено од H1837, димензиите на часовникот се 43 мм, а секој од овие пет часовника доаѓа со посебен, карактеристичен белег.

Поконвенционалните се Lapis Lazuli и Blue Pearl, додека останатите три модели Martian, Lunar и Black Sahara се часовници кои во себе имаат нешто божествено. Lunar во себе има дел од метеорит од површината на Месечината, Martian и Black Sahara во себе имаат дел од два различни метеорити кои потекнуваат од Марс.

Моделите Lapis Lazuli и Blue Pearl се додатоци на главната колекција и тие доаѓаат во неограничено издание, додека Lunar и Black Sahara доаѓаат во ограничено издание од по 36 примероци, а моделот Martian во ограничено издание од само два примерока.