Откако првата серија беше рекордно разграбана, фановите на Jack Daniels можат да се радуваат на уште една едиција на вискито Heritage Barrel.
Во септември 2018 на пазарот за прв пат се појави Single Barrel Heritage Barrel Tennessee Whiskey. Сега, она што според фановите на Whiskey Advocate беше прогласено за едно од најдобри вискија во светот, се враќа со уште една лимитирана едиција.
Богатите ароми на ванила, даб и карамела нема да ги најдете во ваков интензитет во ниту едно друго виски. Цената за шише од 750 мл изнесува 64.99 долари.