Инжињерите од Групацијата за електрична авијација (Electric Aviation Group- EAG) со седиште во Бристол го дизајнираа Hybrid Electric Regional Aircraft (HERA), за да ги реши предизвиците на декарбонизација и масовниот транспорт.
Тие го носат првиот хибриден авион со 70 седишта кој би можел да биде достапен на пазарот за воздушен транспорт до 2028 година. HERA на Групацијата за електрична авијација беше претставен во јули на FIA Connect Farnborough Airshow во 2020 година, со опсег од 1.500 километри и максимална брзина од 275 kt.
Овој авион е опремен со Potential Energy Recovery System (PERS) систем за полнење на батериите како и Gear Assisted Take-Off Run (GATOR) систем за брзо полетување кој заштедува 20% енергија во споредба со комерцијалните авиони. Electric Aviation Group има развиено 25 патенти на низа други нови технологии, чија интеграција би значело и зголемување на оперативниот профит за над 50 проценти по авион.
Оваа групација очекува да започне со демонстрациони летови во 2024 година. Од компанијата за HERA ќе кажат дека е „отпорен на иднината“ поради дизајнот на хиридот кој може да се претвори во целосно електрична или јаглероднo неутрална верзија, без разлика на изворот на горивото или технологиите.
Од друга страна пак оваа технологија може да биде вклопена и во постојни авиони, правејќи ги попрофитабилни во исто време учествувајќи во заштитата на животната средина.