Покрај тоа што е бренд амбасадор на MuscleTech, Хенри Кавил е и главен креативен директор. Нутриционистичкиот бренд MuscleTech го назначува за пример кој одлично ја отсликува идејата и мисијата на брендот. Покрај тоа што е заштитно лице на MuscleTech, Кавил ќе работи со нутриционистичките научници на брендот за да создаде нови производи. „Кога ја започнавме потрагата по член кој ги отелотворува паметните, извонредните и напорната работа и кој се поистоветува со нашиот бренд, веднаш помисливме на Хенри Кавил.

Тој го персонифицира MuscleTech, не само во однос на неговиот интензивен режим на тренинг и познавање, туку и со неговата посветеност кон благосостојба, вклучување во заедницата и филозофија на животот.“, раскажува главениот маркетинг директор на компанијата MuscleTech. Целата и мисијата на компанијата е редефинирање на силата, обезбедување на пристапност до сите, осврнување кон нас самите и нашата благосотојба. Според актерот ова е бренд за секој кој е подготвен да ги истражи длабочините на нивната внатрешна цврстина и да види каде може да ги одведе.