Со оглед на ситуацијата, Paramount Pictures конечно го прикажа првото видео за новиот филм Snake Eyes. Ликот на G.I. Joe го игра Хенри Голдинг, а фановите на ликот несомнено со нетрпение го чекаат филмот. Hasbro ја ресетира франшизата, така што приказната ги опфаќа годините пред регрутирањето на Хенри Голдинг во „Joes“. Тој всушност е прифатен од јапонскиот клан Arashikage, откако го спасува животот на нивниот наследник. По пристигнувањето во Јапонија, Arashikage го учи на начините на живот на воинот нинџа, истовремено обезбедувајќи му нешто за кое копнее: дом. Но, кога ќе бидат откриени некои тајни, се испитува честа и верноста на Snake Eyes, заканувајќи му се дека ќе ја изгуби довербата од најблиските. Филмот е закажан за 23 јули 2021.