Добитникот на Pritzker Prize архитектот Френк Гери создаде специјално шише за одбележување на 150-годишнината од коњакот Hennessy X.O.Рачно изработената обвивка, која ја прикрива карактеристичната форма на шишето на Hennessy X.O, е искована од бронза потопена во 24-каратно злато.

„Сакав да го персонализирам рачно изработениот Hennessy X.O со рачно изработено шише – она што се чувствува убаво кога се држи, ја фаќа светлината убаво и она што ја изразува раката на занаетчиите кои се одговорни за правењето на коњакот“, изјави мајсторот на ова ремек дело.

Инспирација за ваквата форма на шишето е земена од водата која тече во реката Шаранта, во Франција, која тече покрај дестилеријата. Новиот дизајн ја почитува историјата и идентитетот на брендот што денес го знаеме, истовремено испреплетена со љубовта на занаетчиите кои содаваат најдобриот производ на пазарот.