Уметникот Рефик Анадол, за науката и уметноста вели дека отсекогаш се гледале како спротивности, но според него во науката лежи доза на уметност. Па така тој за новата соработка со Hennessy V.S.O.P Privilège ги комбинира вештачката интелегенција и податоците собрани од наука. Овој уметник чија серија Melting Memories е доста позната и која е инспирирана од неговиот вујко кој имал Алцхајмерова болест, е создадена со комбинација на сликарство и податоци собрани од група на невролози.

Истата таа техника сега ја користи за создавање на шишето на Hennessy V.S.O.P Privilège. Податоците собрани од електроенцефалограм, температурата на телото, крвниот притисок, отчукувањата на срцето, емоциите и сензациите се преточени во ова ремек дело. Ова уметничко ремек дело е насловено Sense of Heritage, кое покрај тоа што се наоѓа на шишето, се наоѓа и на кутијата во која е сместен овој коњак. Оваа серија на Hennessy V.S.O.P Privilège 2021, ќе биде достапна само во ограничено издание.