Холивуд одлучи да направи римејк на Hellboy филмовите, со комплетно нова постава на актери и секако нова приказна. Главниот лик го толкува Дејвид Харбор. Првиот трејлер на филмот остави голем впечаток. Многумина сметаат дека актерот Рон Перлман ја одиграл улогата со повеќе душа но се смета дека новиот Hellboy поседува многу сличности со ликот од стрипот.
Сепак треба да го погледнеме филмот за да одлучиме на кого подобро му прилега оваа улога. Филмот со демонот кој живее меѓу луѓето и им помага во борбата против разни други демони и чудовишта се очекува да биде многу возбудлив, со многу епски сцени а во исто време и симпатичен и духовит. Погледнете го трејлерот!