Кампањата за машката колекција за сезоната Есен-Зима 20 е во центарот на модните збиднувања. Француската модна куќа ни носи „Heaven on Earth” со позадина ос светлосино небо и совршени облаци. Вирџил Абло претставува трансформативна тема што се темели на неговата идеја за „Boyhood”, што всушност израз на невиниот детски поглед кој го гледа светот преку невините и искрени очи.

Човекот одговорен за доловување на оваа невиност е фотографот Тим Вокер. Оваа кампања служи и како позадина што ги претставува вистинските вредности на брендот: единство, слобода и мир. Облаците не се само позадина на оваа кампања туку се и дел од колекцијата, бидејќи тие се појавуваат како принт на некои парчиња.