Heatherwick Studio го откри автомобилот наречен Airo, кој го чисти воздухот додека вози. Ова возило е дизајнирано за новоформираниот кинески бренд за автомобили IM Motors. Airo ќе биде опремен со ХЕПА-високо-ефикасен систем за филтрирање на честички од воздух што активно ќе го чисти загадувањето.

Овој концепт не претставува едноставно уште еден електричен автомобил, туку автомобил кој ги вакумира загадувањата на други автомобили. Автомобилот е дизајниран со флексибилна внатрешност со ротирачки седишта за да може да се конфигурира во „мулти-функционална просторија“.

Автомобилот е дизајниран со флексибилна внатрешност со ротирачки седишта за да може да се конфигурира во „мулти-функционална просторија“. Кога седиштата би се свртеле едно кон друго, внатрешноста би се трансформирала во просторија за јадење. Внатрешноста на автомобилот исто така може да се претвори во спална соба бидејќи седиштата целосно се трансформираат создавајќи брачен кревет.