Harley Davidson е едно од „најчистите“ американски имиња во светот на мотоциклите. Со нивниот препознатлив звук на моторите, Harley останува доследен на американското наследство на силниот индивидуализам.

Затоа е изненадување што им беше потребно толку време да се појават со авантуристички мотоцикл како што е новата Pan America.

Со производството на Harley Davidson Pan America во 2020 година, американската компанија навлегува во ADV пазарот испорачувајќи мотоцикл кој е подеднакво добар на патот и на „оф-роуд“ терените. Дизајниран е да може да се справи со секаков вид на терен, со кој возачот би можел да се соочи.

Новиот Pan America се очекува да се појави на пазарот во втората половина од 2020. година.