Харисон Форд, кој неодамна го славеше својот 78-ми роденден, не само што може да се пофали со импресивна филмска кариера, туку и со интересна колекција на „машки играчки”. Импресивната колекција на овој актер не вбројува само автомобили, туку и мотори и авиони.

Харисон Форд стана светски познат по главните улоги како Хан Соло во филмовите „Војна на Sвездите“ и како протагонист во филмовите Индијана Џонс. Пет од неговите филмови се вбројуваат меѓу 30-те филмови со најголема заработка на бокс-офисот во Америка. Токму неговата успешна кариера е таа која му дозволува комодитет надвор од глумата.

Cessna Citation Sovereign 680: Форд сакал приватен авион, па затоа го купил оној што ќе обезбеди врвен луксуз. Производителот започнал со производство на авионот во 2004 година и досега има произведено повеќе од 350 единици. Авионот достигнува висина 43.000 стапки и може да постигне максимална брзина од 458 јазли.

BMW R1200GS: Кога станува збор за авантура, дефинитивно овој мотор го носи во името. Како најпродаван модел на BMW од 2012 година, моторот испорачува 109 коњски сили, и максимална брзина од 131 км на час.

Harley Davidson: Покрај моторите како Honda, Triumphs, BMW, Харисон Форд има и неколку Harley Davidson мотори кои ги вози со задоволство и кои дефинитивно му одговараат.

Jaguar XK140: Иако автомобилот беше во производство само четири години, остави впечаток кај колекционерите. XK140 нуди повеќе луксуз отколку брзината, бидејќи максималната брзина која ја развива кабриолетот со два седишта е 125 км на час. Моторот е способен да испорачува 190 коњски сили и му требаат 8,4 секунди за да достигне 0-60 км на час. Ово автомобил е еден од оние автомобили кои ретко може да се пронајде на пазарот на користени автомобили, а кога ќе се најдат обично чинат неколку милиони долари.

1966 Austin Healey 300: Овој спортски автомобил што британскиот производител на автомобили го произведуваше од 1959 до 1967 година, располага со 3-литарски BMC C-Series мотор и развива 195 километри на час максимална брзина.

Aviat A-1C-180 Husky: На 52 годишна возраст актерот учи да лета бидејќи конечно сфатил дека пилотите кои ги возат неговите играчки повеќе се забавуваат од него.

Bell 407: Покрај авионите, Форд има и хеликоптер што го користи за да го заобиколи сообраќајот. За вакво превозно средство треба да издвоите околу три милиони американски долари. Инаку Bell 407 достигнува брзина од 259 километри на час и располага со стандарден распоред на седишта за два члена на екипажот и пет места во кабината.