Дизајнерот Martín Azúa, со Halo Wall, воведува чист, елементарен квалитет на светлината и минималистичките дизајни инспириран од 60-тите. Преусмерена во модерна, рафинирана силуета, основната единица на Halo Wall е едноставна светлосна прачка наслонета на алуминиумска подлога/шина.

Halo Wall

Остриот линеарен облик во овој случај е омекнат со амбиентален сјај, додека пак дифузорот овозможува ЛЕД светлата да бидат невидливи. Како што и самиот дизајнер вели, материјалот и светлината се соединуваат се додека не станат обединета целина. Дозволено е да ве води имагинацијата со правење на аранжмани. Па така колку се поголеми аранжманите толку е поголем впечатокот и изгледот на скулптура.