Желбата да се дојде до хотелската соба по особено долг лет е секогаш голема. Тоа чувство не постои доколку летате со Gulfstream G700. Ова не е случај само затоа што Gulfstream G700 е најголемиот приватен авион во светот, туку затоа што неговите дизајнери биле опседнати со секој детал и милиметар во авионот.

Да се ​​има спална соба во приватен авион може и не е луксуз ако се има во предвид дека авионот располага со 17 метри должина и 2,5 метри должина кои се ставени на ваше располагање. Сите интегрирани детали го прават G700 уште поголем и полуксузен отколку што веќе е.

Низ целиот авион е проткајано смирувачко чувство за луѓето кои патуваат да не го доживуваат како ладна машина. Оревот и црна абонија додаваат топлина во амбиентот исто како и 20-те масивни прозори кои овозожуваат продирање на голема количина на природна светлина.

Вакво летало неможе да се замисли без технологија инкорпорирана во него. Па како додаток на луксузот ќе најдете автоматски плочки за полнење, LED светла што можат да се напојуваат со струја под два вати, 43-инчен екран кој се подига додека вашата околина се затемнува, наместо звучници има панели вметнати во ѕидовите… Кој не би уживал во ваков луксуз.