Gucci не сака да седи настрана додека Louis Vuitton полека го освојува очигледно важниот пазар за еспорт мода. Поради тоа, луксузниот бренд го претстави својот нов часовник ко-брендиран со Fnatic. На часовникот се наоѓа логото на Fnatic (професионален еспорт тим), заедно со заштитниот потпис на Gucci „GG“ (кој има двојно значење, бидејќи претставува гејмерски поздрав). Исто така, постојат планови и за соодветна нуркачка игра посветена на овој часовник, која ќе се појави на Gucci апликацијата за паметни телефони во следните недели.

Часовникот изгледа навистина квалитетно направен. Составен е од 40-милиметарска шасија од не’рѓосувачки челик, со водоотпорност до 200 метри, а Super LumiNova ви овозможува без проблеми да го „прочитате“ времето за време на ноќните гејмерски сесии. Очекувано, часовникот доаѓа со гумено ременче, што го прави корисен и под вода и при секојдневно користење.

Gucci и Fnatic веќе подолго време имаат свое „разбирање“, но ова е нивни прв производ од заедничката соработка.

Инаку, Gucci ќе произведе само 100 парчиња од овој Fnatic часовник со цена од 1.620 долари, а книгите за нарачки се веќе отворени. Ова не е најскапиот часовник на пазарот, но ќе треба да бидете навистина пасиониран љубител на гејмингот и еспортот за да го изберете овој часовник на сметка на некој поевтин. Gucci го окарактеризира ова како свое деби во „гејмерската мода“, па се очекува наскоро да пристигнат и некои други еспорт гаџети од страна на луксузниот бренд.