Според моменталната состојба на пазарот, Gucci е најпродаваниот и препродаваниот бренд за 2021 година. Во споредба со претходните години, овој извештај покажува како пандемијата со COVID-19 влијаела на она што луѓето го купуваат и продаваат. Генерално, се забележува дека повеќе луѓе купувале и продавале луксузна облека во 2021 година, водејќи се по свесната потрошувачка и одржливоста како главни двигатели. По Gucci со стабилна продажба останал брендот Louis Vuitton. Следејќи го Gucci, се забележува дека овој луксузен бренд од година во година забележува раст на продажбата од 62 проценти. Зад Gucci и Louis Vuitton, следат Prada и Dior.

Интересно е што како нов бренд настапува Telfar кој беќежи доста голем раст во продажбата особено поради нивните Shoping Bags кои се обожувани од многу славни личности. Според извештајот се забележува и голем пораст на побарувачката на луксузна облека од страна на Gen Z генерацијата, а исто така и се наметнува голема побарувачка на естетиката инспирирана од отворено и надворешно, додека соработките со streetwear брендови и општо побарѕ=увачката на тој вид на облека се намалува.