Продолжувајќи ја својата експанзија во сферата на игри, Gucci започна соработка со Wildlife Studios наменета за играта Tennis Clash. По воведувањето на Gucci Arcade, соработката им овозможува на играчите да откриваат ексклузивни парчиња облека наменети за нивните ликови дизајнирани од италијанската модна куќа, но и да купат облека што ќе одговара за нивниот лик од играта Tennis Clash на вебстраната на Гучи.

Од соработката во моментов се достапни два дизајна Diana и Jonah, а фокусот на оваа соработка е брендирање и игра со посебен израз на спортски луксуз. Покрај ова играчите ќе можат да играат во новиот турнир наречен „Gucci Open”, а официјално соработката Gucci x Tennis Clash треба да започне на 18 јуни.