Како што стои на веб страната на модниот бренд „The narrative began with a print inspired by a retro appropriation of the Gucci logo featuring the bicolor stripe. Entering a new chapter, the green and red design mixes with ‘Fake/Not’—a playful commentary on the idea of imitation.“

Од модниот бренд велат дека имитацијата е најискрената форма на ласкање, а многумина го знаат тоа. Логото и мотивите за колекцијата Gucci Fake Not се земени од раните 80-ти, а самата колекција црпи инспирација од креативниот и автентичен италијански бренд.

Креативниот директор на Gucci, Алесандро Микеле, за оваа колекција го одбра лажното лого на брендот со двобојна лента, која за прв пат беше видена во 80-тите години на минатиот век, давајќи и ретро сјај на колекцијата. На секое парче од колекцијата Gucci Fake Not се гледаат задебелените букви „Fake“ на едната страна и „Not“ на другата.