Ford GT Mk II е новата машина на Синиот Овал кој е претставен на овогодинешниот Goodwood фестивал на брзина и направен само за возење на тркачки патеки.

Во време кога се повеќе се дава акцент на електричните автомобили, најскапиот нов автомобил на Ford го задржува 3.5-литарскиот EcoBoost V6 мотор, кој е подесен да испорача повеќе од 700 коњски сили (522 kW) или 200 коњски сили повеќе од Ford GT тркачот на Le Mans.

Овој автомобил е еден од вкупно 45 примерока кои ќе се произведат. Ford GT Mk II кој учествуваше на фестивалот има нетрадиционална боја. Иако многумина би рекле дека целиот е со налепници сепак ќе мора да Ве разочараме бидејќи секој детал на автомобилот е насликан.