Подобро да спречите, отколку да лекувате грип. Но, кога веќе е тука, неопходно е да ги преземете сите чекори за да се заштитите од поголеми воспаленија.  

Важно е да направите разлика помеѓу обична настинка и грип. Сезоната на грип го достигнува својот врв помеѓу декември и февруари, но може да трае и подолго и да започне порано, токму кога се јавуваат и првите настинки.

Грипот ќе го разликувате од обичната настинка од овие причини:

  • Симптомите на грип се појавуваат побргу. Ако ве боли грлото, кај обичната настинка за ден два ќе премине во кашлица. Грипот, ќе ве нокаутира уште истиот ден. 
  • Честопати е проследен со висока температура,треска и болки во телото. Високата температура често се јавува кај грипот, но не секој грип е проследен со висока температура. Таа е начин на кој телото се бори против бактерии и вируси. 
  • Преморени сте. Со настинка, можете да ги извршувате основните обврски, па дури и да вежбате. Грипот ве омалаксува и ве прави уморни и поспани
  • Имате главоболка. Додека настинката ретко предизвикува главоболка, кај грипот таа е многу вообичаена. 
Колку долго му е потребно на грипот за да помине?

Вообичаено трае неколку дена, но не е исклучено да чувствувате симптоми и неколку недели. Според експертите, грипот создава големи иритации во организмот, па дури и кога ќе помине акутната инфекција, на телото му е потребно време да закрепне. 

Што да преземете во случај на грип?

Веќе чукнал на вашата врата, но тоа не значи дека треба да трчате на лекар или во ургентна амбуланта (освен ако не сте супер болни). Јавете се кај својот лекар и побарајте совет, објаснувајќи ги симптомите. 

  • Земете антивирусни препарати. Нивната улога е да спречат размножување на вирусот на грипот и негово ширење низ телото. Функционираат само ако ги земете во рок од 24 до 48 часа од појавата на првите симптоми и може да ви скратат ден-два маки. 
  • Земете нешто против болки. Така ќе ги намалите болките предизвикани од високата температура и ќе ги ослободите мускулите. 
  • Одмарајте. На телото му е неопходно закрепнување.
  • Пијте многу течности. Бидејќи не сте свесни колку ги губите.