Во новата хронолошка мисија против монотонијата и досадата, од вештите раце на Капетан Büsser и сојузникот L’Epée 1839 стигнува уште едно ремек дело наречено GRANT. Овој роботски часовник кој изгледа како парче вонземска технологија многу потсетува на лик кој е дојден од светот на Трансформери.

GRANT е уште едно технолошко ремек дело од оваа компанија кој се разликува од неговите претходници Melchior, Balthazar и Sherman по тоа што името на самиот часовник е позајмено од име на вистински тенк, М3 американскиот тенк кој се користел во Втората Светска војна а е познат и како GRANT тенк.

Овој часовник е направен од челик, составен е од 268 делови, со тежина од 3 килограми, должина од 212 mm и широчина од 231mm. Може да се контролира со помош на далечински управувач и може да го менува аголот на бројчаникот во положба од 30, 45 и 90 степени, така што овозможува гледање од агли по желба на корисникот. GRANT ќе биде произведен во 50 примероци, со цена од 22.000 швајцарски франци.