Audi Grandsphere концептот ја доживеа својата премиера, а станува збор за вториот од трите футуристички концепти на германската компанија кои имаат за цел да ја предвидат судбината на продукциските автомобли. Големиот седан, чиј заден дел наликува на брод, е осмислен како духовен наследник на A8, а притоа во себе инкорпорира автономно возење од четврто ниво, што треба да биде ‘рбетот на овој електрично напојуван дизајн.

Audi Grandsphere

Grandsphere ги следи чекорите на Skysphere концептот, кој беше електричен роудстер со две седишта со меѓуосовинско растојание кое се издолжува зависно од возачкиот режим. Сепак, Grandsphere овие карактеристики ги ограничува на внатрешноста, со оглед на тоа дека има за цел да го реплицира „лаунџ“ чувството на луксуз кај летовите од прва класа.

Audi Grandsphere

Според Audi, при концепионизирањето на Sphere линијата на концептни автомобили, и возачкиот систем и управливоста биле во втор план. Наместо тоа, почетната точка е ентериерот и неговиот дизајн, со оглед на тоа дека компанијата се фокусираше да создаде „уред за доживување искуство“, наместо автомобил.

Реосмислување на кабината

Како дел од реосмислувањето на ентериерот, Audi го промени статусот во седечките положби. И додека задните седишта можеби се сметаат за најлуксузната опција во традиционална смисла, пристапот кај Grandsphere се осигура дека двете предни седишта се местата каде што секој милионер би сакал да биде сместен. 2+2 аранжманот на седиштата го поддржува ова, а меѓу двете предни седишта се наоѓа фрижидер со две чаши и шише за пијалоци.

Управувачот и педалите се сокриени кога Grandsphere е во автономен режим, трансформирајќи ја кабината во едно „лаунџ“ искуство. Постои и силен нагласок при креацијата на „дигиталниот екосистем“, каде што патниците можат да користат стриминг услуги и да ги читаат вестите.

Идеата е да се креира претопувачко искуство, каде што можете да продолжите онаму каде што сте застанале со минимални напори. На пример, ако сте гледале видео или сте читале сегмент од вестите на таблет, автомобилот автоматски ќе го детектира тоа и ќе ја прикаже таа содржина на проекторската површина штом влезете во автомобилот.

Футуристички решенија

Audi Grandsphere ги идентификува возачите и патниците со идентификација на патеката, отворајќи ги вратите автоматски и подесувајќи ги седиштата и клима уредот во согласност со тоа. Предните седишта можат да се навалат до 60 степени, додека филтрираниот и миризливиот воздух ја исполнува кабината. Во случај да сакате да се изолирате од останатите патници, звучниците кои се нечујни за другите овозможуваат приватна аурална зона.

Опишан како „редуцирано дизајниран ентериер“, Grandsphere нема класични екрани и инструменти какви што би очекувале. Дизајнерите се чини дале максимални напори за да го прекинат трендот на постојано растечките панели. Наместо тоа, Grandsphere користи иновативни проектори.

Дрвената површина под предното стакло се користи како платно, при што целата должина на кабината се користи за да се проектираат информации. Audi вели дека ова нуди висока резолуција и прецизност. Проекциите можат да се користат како CinemaScope екрани за гледање секаков вид на содржина, или пак да се користи за конференциски видео повици.

Кога станува збор за интеракцијата со инфозабавните системи, Grandsphere користи нов пристап кон Audi Multi Media Interface системот. Наречен MMI Touchless Response, возачот ќе може да ги користи испапчените делови кај вратите за хаптичко селектирање на различни функционални менија преку ротацискиот прстен и копчињата и да кликнува низ различните нивоа. Сепак, ако возачот го навали своето седиште, системското следење на видот автоматски ќе овозможи за командување со гестикулации. Автомобилот ќе учи од преференците на корисникот и често користените менија за да го персонализира искуството исто така.

Спектакуларен екстериер

Со своите 5,35 метри должина, 2 метри ширина и 1,39 метри висина, дизајнот е опишан како „динамичен монолит“. Меѓуосовинското растојание е поголемо отколку кај актуелниот Audi A8, но силуетата повеќе наликува на нешто спортско, со нагласен фастбек дизајн. Вратите се отвораат во спротивна насока, а меѓу нив го нема B-столбот. Како и кај Skysphere концептот претходно, така и Grandsphere се одликува со 23-инчни тркала кои во овој случај се потсетник на Audi Avus концептот од 90-тите.

Решетката е нешто поинаква – Single Frame хексагонот кој е осветлен оддолу, му дава една нова димензија на концептот. Потенките светла креираат нов светлосен потпис со подесива големина за осветлување на просторот, што значи дека можат да се користат како фарови, дневни светла или трепкачи.

Моќен погон

Grandsphere се напојува со два електромотори, по еден на двете оски за погон на сите четири тркала. Вкупната системска моќност е 710 КС и 960 Nm, додека спринтот од 0 до 100 км/ч се достигнува за нешто над четири секунди. Максималната брзина не е објавена, но се вели дека е ограничена со цел да се зголеми опсегот на движење.

Audi Grandsphere

Иако концепт, Grandsphere е направен на PPE платформата на Volkswagen. Тоа е истата база која се користи за престојниот Audi Q6 e-Tron како и новиот Porsche Macan. Grandsphere држи 120 kWh енергија и може да се полни со 270 kW на брзополнечки станици благодарение на 800-волтната полнечка технологија која ја споделува со e-Tron GT. Со други зборови, полнењето од 5 до 80 проценти може да се достигне за само 25 минути. Зависно од користењето, Audi очекува Grandsphere да достигне опсег на движење од 750 километри во реални услови.