Кремасто, интензивно и сочно – ова се само дел од работите кои го опишуваат најновото и најстарото виски на Glenmorangie, наречено Grand Vintage Malt 1996. Креацијата на ова виски е уникатна, со тоа што мајсторите за виски во Glenmorangie ги бирале совршените бочви во кои ќе ги складираат и зреат своите вискија.

Брендот е веќе препознатлив поради тоа што ги произведува најфините вискија во Шкотска. Тоа во комбинација со бурињата направени по мерка за Grand Vintage Malt 1996, создава едно уникатно виски кое е вистинско ремек-дело.

Glenmorangie

Бурињата по мерка во кои Grand Vintage Malt 1996 е зреено се рачно избрани од страна на мајсторите во Озарк планината во Мизури. Само најфината американска бела дабовина се користи за да се достигне препознатливата кремавост на ова виски. Дабовината при изработката се остава да се исуши природно, по што рачно се изработуваат бурињата со точни спецификации и се полнат со селектиран бурбон. Во 1996, овие буриња биле исполнети со ова специјално виски на Glenmorangie и е зреено цели 23 години.

Glenmorangie Grand Vintage Malt 1996 одлично демонстрира како можеме да ги доведеме нашите невообичаени сништа во реалност. Најстарото виски кое го имаме е зреено во нашите специјални буриња, благодарение на што свежите и цветни ароми, како и луксузната кремавост се беспрекорно нагласени благодарение на зреењето. Оваа ограничена серија ќе биде ценета од старите и новите љубители на вискито“, изјави директорот на Glenmorangie Бил Лумсден.

Без разлика на тоа дали планирате да го пробате самите или да го чувате и да го зреете на вашите полици за вистинскиот повод, Glenmorangie Grand Vintage Malt 1996 ќе ве чини околу 780 долари.