Ресторанот Frida во ресортот Grand Velas Los Cabos во Мексико на своето мени има декакдентно тако од 25.000 американски долари. Уникатноста и цената на ова тако првично доаѓа од златната тортиља, кавијарот и Kobe говедското месо. Оваа уметничка изработка се надополнува со салса направена од исушени морита чили пиперки, ањехо текила и кафе од цивет.

Целиот концепт е да се сруши стереотипот на традиционална кујна, стремејќи се да се создадат нови, возбудливи искуства. За оние кои сакаат овој оброк да го надополнат со соодветен пијалок, ресторанот Frida, нуди рачно изработено шише од бело злато и платина Ley.925 Pasión Azteca Ultra Premium Añejo за дополнителни 150.000 американски долари.

Ресортот Grand Velas Los Cabos претходно беше домаќин на добротворна аукција, каде што неговите екстравагантни гастрономски јадења беа продавани, а гореспоменатото тако достигна цена од 27.960 американски долари кои беа донирани за Детската фондација Лос Кабос.