Јапонската марка за рачни часовници Seiko ги прославува 65-те години од појавувањето на Godzilla со ново издание на рачен часовник.

Seiko

Во 1950-те јапонските филмаџии на светот за прв пат му го претставија чудовиштето над сите чудовишта. Неговата појава беше алегорична, претставувајќи ја заканата од нуклеарното оружје. Јапонката марка за изработка на рачни часовници Seiko од друга страна, преку својот технолошки тим The Spring Drive прославува 20 години постоење.

Така, славејќи ги двата јубилеја, на пазарот се појавува Grand Seiko SBGA405  – рачен часовник со смел, гломазен, оасен и луксузен надворешен изглед кој претставува олицетворение на грандиозноста на фиктивното чудовиште. 

Seiko

Освен јубилеите, за филмот и брендот заедничко е и тоа што чудовиштето минува низ градот Гинза, кој пак е родно место на Seiko. Часовникот има црвени и црни карактеристики слични на текстурата на грбот на чудовиштето пред да блуе оган. 

Часовникот ќе се произведува во лимитирана серија од 650 парчиња, а цената изнесува 12 илјади долари.