Со цел да ја заштити историската структура на градбите и да се избори против урбанизацијата, италијанскиот град Камарата, подарува куќи. 

Ако се размислувате што да поклоните на некоја блиска особа, ова е вистинскиот подарок. Бесплатна куќа во шармантно село во Сицилија, Италија. Камарата е еден од оние мали градови кои се приклучуваат на иницијативата да се заштити историската структура на градбите. Градот е напуштен од страна на младата популација која се иселува во големите градови, па ова е еден начин да се зачува природното богатство и култура на Италија. Камарата се наоѓа на 40-тина километри од Палермо и изобилува со камени куќички кои пропаѓаат во заборав последниве години.

„Ме повредува кога гледам како овој прекрасен историски центар се празни и се претвора во рушевина“, вели градоначалникот Винченцо Џамброне. 

Неколку десетиците куќи кои се во моментов на продажба, може да добијат и италијански но и странски сопственици. Сепак, она „бесплатно“ и доаѓа со одредени очекувања. За почеток, новите сопственици на бесплатната куќа мора да ја реновираат во рок од 3 години од купувањето, а планот за реставрација мора да е направен и италијанскиот градодобрен пред да биде извршена продажбата. Новите домови не мора да се резиденцијални, туку може да бидат претворени во Bed&Breakfast, хотел, продавница или ресторан. Депозитот кој купувачот мора да го остави пред реновирањето треба да изнесува околу 5 илјади евра. Освен тоа, Камарата нуди и бонус од  1000 евра на секоја двојка која ќе купи и ќе се всели во домот и во наредните неколку години ќе добие бебе. Па ако сте расположени за живот во мал италијански град, Камарата може да е совршен проект за вас.