Закажан да се појави во САД на почетокот на 2021, алкохолниот пијалак кој го лансираше Gordon Ramsay претставува таканаречен „hard seltzers“. Овој пијалок кој се прави со ферментација на овошје, шеќерна трска или јачменов слад, има концентрација од 5 проценти ABV.

Пијалокот кој го создава славниот готвач Gordon Ramsay ќе се вика Hell’s Seltzer и ќе биде достапен во четири различни вкусови и тоа Berry Inferno (праска, боровинка и малина), Knicker Twist (маракуја, ананас и портокал), Mean Green (киви, лимета, нане и ананас), That’s Forked (лимета, ванила и грахам брашно).

Hell’s Seltzer е создаден во партнерство со дистрибутивната платформа Brew Pipeline и специјализирана агенција за развој и брендирање на пијалоци Global Brews од Лондон. Пијалокот ќе биде спакуван во лименка, а секоја лименка ќе има 350 милилитри од пијалокот и ќе биде пакувана во кутија од 12 лименки или по три лименки од секој вкус.