Новата GoPro Hero 9 Black камера покрај новиот дизајн кој се одликува со дисплеј во боја на предниот дел, доаѓа со доста подобрени функции. GoPro ја подобри целокупната резолуција со која може да снима Hero 9 Black, за фотографии до 20 мегапиксели, додека за видео записи тука за прв пат се среќаваме со можност за снимање на видео во 5K (иако само со 30 fps, во споредба со 60fps за 4K видео).

Траењето на батеријата од 1.720mAh, која се отстранува е за 40 проценти подобра од таа на претходникот. Компанијата ја враќа назад опцијата за отстранување на предната леќа, карактеристика што недостасуваше во моделот 2019 година, и воведува новиот Max Lens Mod која ги подобрува и HyperSmooth и ултра-широките SuperView снимки.

Од подобрите опции кои ги нуди овој модел е и 2,27 инчниот екран осетлив на допир, кој овозможува подобар преглед на сликите. Единствена негативност која за некои е битна е разликата во цената. GoPro Hero 9 Black се продава по цена од 449,99 американски долари.