Во текот на месец септемви компанијата GoPro го претстви своето најново остварување на гамата Hero. Тие стигнаа до седмата генерација на камерата за акции, која ја нарекоа убиец на стабилизаторите за камери.

Најновата генерација на GoPro Hero, Black серијата меѓу стандардните карактеристики како снимање во 4К резолуција со 60 fps ја додаде и функцијата HyperSmooth. Оваа новост кај GoPro камерите одлично ја стабилизира сликата со тоа што повеќе нема да ви е потребен сабилизатор додека сакате нешто да снимите при движење. Исто така во најновиот модел подобрен е и микрофонот, кој во иднина одлично ќе ги сними вашите зборувања.

За пофалба кај GoPro Hero 7 Black е и подобреното куќиште кое ќе издржи и до 10 метри длабочина или 30 со содветната кутија. Сè останато е наследено од претходната.