Благодарение на Google Arts и светските уметнички институции ќе можете да посетите повеќе од 1.200 музеи ширум светот. Познати дела изложени во Museum of Modern Art во Њујорк, Musée d’Orsay во Париз, Uffizi Gallery во Фиренца, National Museum во Њу Делхи и многу други музеи кои сте сонувале а не сте можеле да ги посетите сега се на одалеченост од само неколку клика.

Google Arts & Culture нуди незабравно искуство во ова време на самоизолација, каде некои од виртуелните тури нудат поглед од 360º, додека некои музеи кои неможат да понудат 360º виртуелна тура нудат слики со детални објаснувања. Оваа апликација не е ограничена само на светот на уметноста.

Тестирајќи ја својата технологија Street View, Google нуди детален преглед на обележја низ целиот свет, вклучувајќи ги Пирамидите во Гиза, Оперската куќа Сиднеј… дури и на Меѓународната вселенска станица. Сепак без разлика дали барате забава во време на изолација или инспирација за идно патување, ова дефинитивно не е лош начин да се помине едно попладне, барем ќе го проширите вашето знаење.