Google Pixel 6 ќе биде првиот телефон што ќе го користи целосно новиот мобилен чип Tensor. Чипот е именуван по open-source платформата на Google, TensorFlow, и беше развиен заедно со истражувачите на Google за вештачка интелигенција. Според изјавата на извршниот директор на компанијата овој производ се подготвувал четири години и се надоврзува на две децениско компјутерско искуство на Google.
Tensor има за задача да им го овозможи на новите телефони да го добијат тоа што другите производи неможеа, а тука се вбројува подобрена фотографија и обработка на видео, напредно препознавање глас и напредно машинско учење. Покрај напредната обработка на фотографијата, видеото и звукот, тука се вклучуваат и карактеристики како ефикасност на батеријата како и built-in live caption со превод на секое видео.