Иако сегашната генерација на Google Chromecast стои закачен за HDMI приклучокот на телевизорот и се контролира преку смaртфон, овој стриминг медиа плеер кој го претвора вашиот телевизор во смарт уред, може ќе биде надграден.
Концептниот дизајн на белгискиот студент за индустриски дизајн, Роел Хејнинк, му дава дополнителни функционалности на уредот. Google Chromecast 3 се поврзува со телевизор преку единствена USB-C врска, доаѓа со далечински управувач кој има 1 копче на долниот дел што можете да го користите за да го вклучите или исклучите ТВ-уредот и 4 копчиња на горната страна.
Овој далечински управувач доколку е свртен вертикално има функција на далечински управувач, но доколку е свртен хоризонтално тогаш се користи како џоистик кој би можел да работи со Google Stadia.
Инспирација за ова Роел земал од производи изработени од Google, Sony и дизајнерското студио Blond со седиште во Лондон.