Google AssistantGoogle Assistant одамна има опција да ги чита вашите СМС-пораки. Но опцијата за читање на пораки од апликации што не се на Google како WhatsApp, Slack и Telegram, досега не беше достапна.

Функцијата за гласно читање е особено корисна кога возите, готвите или на било кој друг начин вашите раце се зафатени. „Прочитај ги моите пораки“, „Кои се моите пораки“ или „Дали имам известувања“ се фразите со кои може да пристапите.

Известувањата се претставени како картички што ги прикажуваат испраќачот, пораката и времето. А како ќе сакате да ги прочитате останува вие да изберете.