Интернет –пребарувачот Google најави дека веќе во април наредната година ќе ја згасне социјалната мрежа Google+, порано отколку што планирале, поради новата „бубачка“ која овозмжила пристап до податоците на 52 милиони корисници, повторно подгревајќи ги соменавањата за контрола на приватноста во тој софтверски џин.
Од компанијата известија дека „бубачката“ им овозможила на надворешните инженери пристап до податоците на 52 милиони корисници, вклучувајќи „име, е-меил адреса, професија и возраст“.
Податоците биле изложени на можност за неовластен пристап, еден ден пред првото сведочење на извршниот директор Сундар Пичаи пред истражниот комитет на американскиот Конгрес.
„Бубачката“ е откриена „неодамна“, тврдат во Google, а во мрежата влегла во ноември. Затоа го поместиле планираното згаснување на комерцијалната варијанта на социјалната мрежа Google+ од август за април, наредната година.
Одлуката за згаснувањето на Google+ е донесена во октомври, откако во компанијата е откриена „бубачката“ која на надворешни инженери им овозможила увид во податоците на најмалку 500 илјади корисници.