Од ликот на Крис Еванс во Knives Out, до оној на Џејмс Бонд во No Time to Die, големиот џемпер е задолжително парче за оваа модна сезона.

Џемперот кој Крис Еванс го носи во Knives Out е вистински полн погодок кога е во прашање модата, а и онлајн нарачките. Вистина е дека не сакате филмот на кој работите да биде познат по џемперот, но она што е убаво, треба да се слави. Дебелите и големи џемпери не само што изгледаат фантастично, туку се и топли и удобни, што е дополнителна придобивка од моден изглед. Во продолжение, ова се неколку oversize џемпери кои ќе ви послужат како модна инспирација за наредниот шопинг.