Наградата Ѕвезда за јубилејното издание на фестивалот „Браќа Манаки“, која традиционално се доделува за особен придонес во македонската кинематографија од страна на на Друштвото на филмски работници на Македонија годинава ја изработи креативниот тим на Божиновски часовници и накит.
Од идејата да се создаде ѕвезда, до предизвикот таа да блеска и да биде впечатлива и посебна, за инспирацијата од Божиновски велат: „Тајната формула е во целосната рачна изработка и во нејзината неправилна геометриска форма, која има за цел ѕвездата да ја издвои од шаблонот исто онака како што ќе се издвојува и нејзиниот добитник.Ѕвездата е целосно изработена од бронза и позлатена со 24 каратно златно, блескајќи во ѕвезденото небо на сите исклучителни луѓе во македонската кинематографија. И сето тоа зачинето со многу љубов и посветеност со оглед на висината на задачата, а тоа е одбележувањето на 40 годишнината од фестивалот „Браќа Манаки“.“