Во петок, на 28 јуни, во 19ч, во изложбениот простор на Даут-Пашиниот амам во Скопје традиционално ќе се одржи отворањето на четвртата годишна изложба на модни креации во организација на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури” од Скопје.

„Изет Цури"На изложбата, која оваа година ќе се одржи под насловот „La Parisienne”, ќе бидат претставени триесетина модни креации, дизајнирани и изработени од студентите по моделизам и стилизам од оваа школа, a под менторство на г. Изет Цури од Париз и на предавачите: Проф. Лазе Трипков, Проф.Dominique Brunet, Проф.Елена Вангеловска, и Проф.Никола Ефтимов. Исто така ќе бидат изложени и креации од дизајнерски имиња ја кои минале едукацијата на оваа школа.

На најважниот настан во годината на студентите ќе им бидат доделени сертификати за годишно постигнување и успех додека пак, еден од најголемите соработници Францускиот институт во Скопје ќе додели три награди за најдобрите во категориите: концепт на колекција, моделизам и стилизам.

Интернационалниот институт за мода „Изет Цури” од почетокот на своето постоење се фокусира на градење професионални кадри кои ќе бидат оспособени да работат во модната индустрија по стандардите на високата мода, притоа подигнувајќи ги самите стандарди во модата во Македонија и регионот.

Благодарение на остварените врски со модни куќи во странство, избрани студенти на оваа модна школа од Скопје имаат можност дел од своето студирање да го поминат во странство, како стажанти во модна куќа.