На CES 2021 GM (General Motors) ја воодушевија публиката со неколку концепти на футуристички возила. Под Cadillac брендот американската автомобилска корпорација ги откри eVTOL, вертикалното летало, и автономното возило AV. Cadillac eVTOL е целосно автономен, целосно електричен авион што ветува погодно и луксузно патување и е дизајниран за еден патник.

Концептот користи коаксијален погонски систем на ротор и се напојува со технологија на батерија од следната генерација, достигнувајќи брзина до 56 километри на час. Компанијата GM има визија за eVTOL, како за автономно такси кое треба да ве земе од една точка и да ве пренесе до саканата дестинација. За разлика од eVTOL, AV може да собере до четири патници и е место за дружење додека технологијата за автономно возење ве води таму каде што треба да бидете.