Со поголема моќ, се чини доаѓа не само поголема одговорност, туку и поволности во животот. Во центар на нашето внимание се автомобили кои ги возат великодостојниците на да речеме дел од најголемите движечки сили.

1. Обединетото Кралство, кралицата Елизабета Втора

Кралицата на Обединетото Кралство е на тронот од 1952 година. Таа е исто така само неколку години помлада од Бентли, која неодамна го прослави својот 101 роденден. Во ретки прилики, кога нејзиното височество се појавува пред јавноста, таа е возена од Bentley State Limousine која во моментот е проценета на 12 милиони американски долари. Од компанијата изјавиле дека постојат два вакви примерока и дека и двата се во сопственост на кралицата.

автомобили

2. Русија, претседателот Владимир Путин

Претседателот на оваа земја има повеќе транспортни средства, но кога го носи претседателскиот костум, најчесто го гледаме во неговиот Aurus Senat. Почетната цена на ова возило е 274.000 американски долари, но овој примерок чини многу повеќе поради тоа што е блиндиран и кадифен одвнатре. Овој луксузен седан со погон на сите тркала располага со 598 коњски сили.

3. Кина, претседателот Си Ѓинпинг

Автомобилот на овој претседател е доста интересен. Всушност претседателот на Народна Република Кина се вози во Hongqi N501, но за него за жал, не се обелоденети многу информации. Извештаите сугерираат дека автомобилот сè уште немал официјално деби. Забележително, автомобилот е производство на најстариот атомобилски производител во Кина.

автомобили

4. Северна Кореја, Врховниот водач Ким Џонг Ун

Возилото на овој Врховен водич е Mercedes-Maybach S600 Pullman Guard. Под хаубата овој автомобил има 5-литарски V-12 twin-turbo со 510-коњски сили кој поради сериозноста на оклопот се проценува на околу еден милион американски долари. И секако тим од обезбедување како што му доликува на еден Врховен водич.

5. Германија, канцеларката Ангела Меркел

Најмоќната жена на светот вози Audi A8 L Security. Автомобил изграден како за претседатели овој Audi со 563 коњски сили доаѓа со балистичка заштита и блиндиран мотор. Под елегантниот изглед се крие вистински ѕвер.Всушност ова е најмоќниот Audi автомобил достапен досега, кој има систем за излез при итни случаи така што се издувуваат сите шарки на вратите од шасијата.