Во живо, во сабота Hermes ќе ја претстави својата машка колекција за сезоната есен/зима 2021 година, од Париската модна недела. Дали оваа ќе наликува на кореографската изведба како што беше случај со пролет/лето 2021, не знаеме!? Но едно е сигурно, ќе биде на исто ниво со иста доза на опуштена елеганција што ја усоврши уметничкиот директор Вероник Ничанијан (Véronique Nichanian)во нејзините три децении работа во Hermes. Погледнете ја модната ревија на Hermes која ќе ја претстави машката колекција за есен/зима 2021.